East Gate Living
За проектот East Gate Living
Замислете утра опкружени со раскошно зеленило, да имате сѐ што посакувате на само чекор од вас и да бидете дел од новиот урбан ритам на градот.
Да се биде дел од резиденцијалниот комплекс East Gate Living е повеќе од купување нов дом, бидејќи станувате дел од визијата за нов стил на модерно живеење. Комплексот е уреден со голема површина на зеленило и разновидна содржина за млади и возрасни, надополнети со пространи пешачки зони. Паркингот на комплексот е во две подземни нивоа (ниво -1 и ниво -2).
Идеална локација за вашето семејство
Уникатно шопинг искуство во “East Gate Mall”
Лоциран на само 5 минути од центарот на Град Скопје, резиденцијалниот комплекс има одлична поврзаност. Непосредната близина на Булеварот Александар Македонски нуди директна поврзаност до меѓународниот автопат Е-75 и Е-76 преку М4, со што се избегнуваат сообраќајните метежи во градот. А, доколку планирате да патувате со авион, во непосредна близина на само 15 минути оддалеченост со автомобил се наоѓа меѓународниот аеродром во Скопје.
Фаза на изградба
Фаза 1
Изградбата на првите четири згради во Блок А и Блок Б е завршена. Првите станари на резиденцијалниот комплекс започнаа со живеење и користење на функционалностите на самиот комплекс.
Фаза 2
Приказната продолжува со изградба на Блок Ц и двете згради, а краен рок за финализирање е првиот квартал на 2026 година. Во оваа фаза ќе бидат достапни нови 388 уникатни станови (еднособни, двособни, трособни и четворособни станови со големи терааси и зелени површини) во двете згради кои ќе имаат по 13 ката.
Фаза 3
Изградбата на Блок Д и Блок Е е планирана да започне во четвртиот квартал на 2025 година, каде ќе бидат изградени нови 4 згради и со тоа ќе се комплетира резиденцијалниот дел од комплексот.